Пораст на цените на индустриските производи на домашен пазар

41

Продажните цени на индустриските производи на домашен пазар се повисоки за 0,2% на месечно, односно 0,4% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во август 2014, во споредба со јули 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 0,9% и во групата Трајни производи за широка  потрошувачка за 0,7%.

Во август 2014, во споредба со август 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 3%, во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 2,4% и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4%.