Времето денеска во Македонија ќе биде повремено облачно со слаб дожд. Во попладневните часови се очекува локален краткотраен дожд и умерен северен ветер.
Температурите ќе се движат од 15 до 24 степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимална дневна температура до 22-от степен.