Турската компанијата Истем Mедикал ќе започне со реализација на инвестиција во Македонија.
Оваа компанија веќе претходно објави дека ќе инвестира во технолошко – индустриската развојна зона во Скопје каде ќе произведуваат медицинска опрема, катетрхидрофилни катетери, уролошки системи и останати медицински производи.
Владина делегација вчера имаше средба со сопствениците и менаџментот на компанијата, на која станало збор за планот на компанијата и инвестицијата чие отпочнување од компанијата Истем Медикал се најавува многу наскоро.
“Ние веќе во почетокот на наредниот месец планираме да започнеме со изградба на фабриката. Инвестицијата е вредна 10 милиони евра. Првенствено ќе имаме 150 вработени и после неколку години планираме таа бројка да се зголеми и да дојде до 250 вработени. Инаку сме многу благодарни на Владата што нуди добри услови за инвестирање и секогаш се однесува пријателски и добро не прими. Економските промотори многу ни помогнаа во реализирањето на оваа инвестиција и веруваме дека со ова темпо ќе продолжиме и понатаму и ќе реализираме и други инвестиции во иднина”, изјави извршниот директор на Истем Медикал, Муса Јамурло.