Работно биро како тркало за хрчак

229

trkalo biro

Работата во канцеларија подразбира осум часа седење зад биро во една иста позиција, што потоа предизвикува болка во ’рбетот, грбот и нозете. Водени од желбата да се најде решение на овој проблем, креативен тим од Сан Франциско дизајнираше работно биро каде наместо столица ќе се постави таканаречено тркало за хрчак, што работата пред компјутер ќе ја направи поинтересна и интерактивна.

trkalo biro 1

Зад дизајнот стојат уметникот Роб Годшау и инвеститорот Вил Доенлен, чија цел е да се направи спој меѓу работно биро и справа за трчање, пишува Huffiington Post.

trkalo biro trkalo

На тркалото, што е 203 сантиметри во должина, се поставуваат тркала од секјтборд што му ја даваат потребната подвижност, а динамиката и брзината на движењето може многу лесно да се контролира.