Во ОНЕ Samsung LED телевизор за 0 денари со фиксна линија, интернет и телевизија

86

TV0

Од утре, 24 септември, единствено во ОНЕ со тарифниот модел FIX/NET/TV SMART L корисниците имаат можност да добијат: Samsung LED телевизор за 0 денари, фиксна линија со неограничени разговори кон цела ОНЕ мрежа, неограничен интернет со брзина до 10Mbps и два Boom TV уреда со бесплатно вклучени сите канали на SportKlub и HBO.

Во моментов најконкурентниот пакет на пазарот FIX/NET/TV SMART L, за месечна претплата од 1.799 денари во основа нуди три услуги: фиксна телефонија, интернет и телевизија, но корисниците кои ќе го одберат ќе добијат и бесплатен wi-fi рутер, два Boom TV уреда или CAM модул цели 12 месеци, бесплатно вклучени ТВ канали: SportKlub 1, SportKlub 2, SportKlub 3,  HBO, HBO Comedy и цели 24 месеци Fox, Fox Movies, Fox Life, Fox Crime, а притоа Samsung LED телевизорот ќе го добијат за 0 денари.

Пакетот FIX/NET/TV SMART L е само еден во низата SMART пакети со две и три услуги наменети за нови и постоечки корисници со договор на 24 месеци во резидентниот и во бизнис сегментот.

“FIX/NET/TV SMART L на ОНЕ е во моментов најконкурентен производ на пазарот и единствен по своите карактеристики, дотолку повеќе што со овој пакет, за прв пат на македонскиот телекомуникациски пазар  корисниците имаат можност да добијат и телевизор за 0 денари.  Идејата беше да понудиме пакет услуги за домаќинства по пристапна цена и верувам дека нашето SMART портфолио има барем еден пакет кој би му одговарал на секој дом“, изјави главниот маркетинг директор на ОНЕ, Виктор Доневски.

Понудата на телевизор за 0 денари е достапна со сите SMART пакети со две или три услуги, како и за BoomTV во пакет од две или три BoomTV уреди, со соодветна дополнителна месечна претплата.