Телеком Австрија доби меѓународна награда за преземањето на Близу во Македонија

39

Телеком Австрија Групацијата објави дека добила меѓународна награда за спојување и преземање од бизнис магазинот Acquisition International за преземањето на Близу во Република Македонија.

Жирито едногласно одлучи престижната награда за зделка на месецот Deal of the Month Award да и ја додели на Телеком Австрија Групацијата за професионалниот пристап при спроведувањето на трансакцијата.

“Нашиот тим за спојување и преземања работи со полна пареа за доследно да ја имплементира нашата стратегија за конвергетност. Само во последните три години, успешно беа изведени вкупно 12 преземања и спојувања и како резултат на тоа, денес работиме како провајдер на опсежни телевизиски, интернет и телефонски услуги во пет од осум пазари на кои делуваме. Не само нашите акционери, туку и нашите корисници ќе ги ползуваат придобивките бидејќи сме во можност да им ги понудиме сите услуги од едно место по поволни цени. Токму затоа, би сакал да им честитам на нашите вработени за добивањето на оваа меѓународна награда”, изјави Ханес Амецрајтер, главен извршен директор на Телеком Австрија Групацијата и А1.

Со преземањето на Близу, еден од водечките кабелски оператори на македонскиот пазар, Телеком Австрија Групацијата доби 63.000 нови корисници. Вип оператор, како дел од Групацијата, е во блиска соработка со Близу со цел уште повеќе да ја прошират својота понуда на услуги за корисниците во иднина.

“И покрај строгиот процес на наддавање, успеавме успешно да ја затвориме оваа комплексна зделка во Македонија во период од околу шест месеци. Почестен сум за наградата што ја добива нашиот тим и претставува дополнитен доказ за нашата успешна работа”, изјави Роланд Хајднер, директор за спојувања и преземања во Телеком Австрија Групацијата.