Nixie е дрон што фотографира и се враќа на раката на сопственикот

46

nixie

Nixie е концепт на мобилна камера кој може да полета од раката на сопственикот и да се претвори во дрон што се контролира со далечински управувач.

Откако ќе ги направи потребните видео снимки или фотографии, дронот се враќа на раката на корисникот.

Станува збор за проект на еден од финалистите на натпреварот на Intel – Make it wearble. На натпреварот добиле 50.000 долари и менторство за да можат практично да ги остварат своите идеи за развој на Nexie.

Авторите на овој дрон планираат да го развиваат Nixie за да може да “полета“ и да “слета“ со еден гест, како фото бумеранг.