Тим од БиХ разви дрон што достигнува висина од 30 километри

52

dron bih

Група ентузијасти од Босна и Херцеговина во стратосферата лансираа дрон, кој прави снимки и мапирање на теренот од висина од 30 километри.

Проектот под името “Херцеговина во стратосферата“ е значаен посебно за планинските служби за спасување.

“Проектот започна со обичен разговор со кафе кога гледавме фотографии од беспилотни летала размислувавме за некои поголеми висини. Кога за прв пат ја споменавме висината од 30 километри малку беше несфатливо дека тоа е околу три пати поголема висина од висината на која летаат авионите… Таа висина е всушност вселената“, вели Винко Зовко Јозиќ за порталот Bljesak.info.

Зад овој проект стојат Жељко Цавар и Винко Зовко, кој постигна вистински успех, а за тоа сведочи и фактот дека ги контактирале и НАСА.

Беспилотното летало, како што пренесува Пословни дневник, е со големина на кошаркарска топка, со метеоролошки балон што го движи во висината. Дел од опремата тимот ја разви сам и најголем дел е реализиран со сопствени средства, што не било едноставно бидејќи еден балон чини 150 долари. Кога леталото се пушта во воздухот, над истото најверојатно повеќе нема да има никаква контрола. Но, балгодарение на внимателното планирање, пресметување и мерење успеале леталото од висината од 30 километри да се приземји на подрачето на општината Широк Брег од каде што е и лансирана.