Конзорциум од инвеститори заинтересирани за откуп на Reebok од Adidas

42

adidas-and-reebok

Конзорциум од инвеститори од Хонг Конг и Абу Даби иницираат понуда за купување на познатиот спортски бренд Reebok од Adidas, пишува Wall Street Journal.

Инвеститорите ќе му понудат на Adidas 2,2 милијарди долари за Reebok, сметајќи дека Adidas може да постигне многу подобри резултати доколку работи самостојно.

Во конзорциумот од инвеститори е Jynwel Capital, инвестициона и советодавна компанија од Хонг Конг, како и фондовите поврзани со владата на Абу Даби, кои планираат да поднесат понуда до директорите на Adidas.

Инвеститорите сметаат дека Reebok многу повеќе би требало да се фокусира на работа во САД и да одвојува повеќе средства за маркетинг и отворање нови продавници за да има самостоен менаџмент и поинаква сопственичка структура.

Германски Adidas, што е вториот најголем светски производител на спортска опрема по Nike, го купи Reebok во август 2005 година за 3,8 милијарди долари.