Уникатните и здрави производи, заслужуваат уникатен простор за продажба – специјално дизајниран простор со бои од природата станува синоним за продажните места на Виталиа.
Од денека посетителите на Скопје Сити Мол, ќе можат да ги набават своите омилени производи од производната палета на Виталиа, во новоотворениот киоск на Виталиа, кој се наоѓа на приземје во најголемиот мол во државата.
“Виталиа е повеќе од две децении присутна на пазарот, а самиот факт дека се работи за компанија која е лидер на пазарот за производство на здрава исхрана, наметнува повисоки стандарди за презентацијата на производите. Водени од овој факт, одлучивме нашиот нов продажен салон да го отвориме во Скопје Сити Мол. Истиот е нависитна уникатен, модерен, креиран со стил – се со цел презентација на здравите производи на посебен начин. Ние се грижиме за културата на исхрана на граѓаните, а со ова само ја потврдуваме определбата на Виталиа која е во насока на подобрување на здравјето на граѓаните, преку креирање на оригинални и иновативни здрави производи”, изјави Искра Ветаџокоска Муцунска, управител и ко-сопственик на Виталиа.
Во новиот продажен киоск, купувачите можат да ги најдат сите производи од понудата на Виталиа, а секојдневно ќе имаат ексклузивна можност да ги дегустираат новитетите на оваа иновативна компанија. Отворањето на новиот продажен салон на Виталиа ќе биде надополнето со понуди и акции, специјално создадени за оваа пригода, со цел промоција на здравата исхрана и здравиот начин на живот.