Зголемен бројот на издадени одобренија за градење во септември

11

Во септември оваа година се издадени 264 одобренија за градење, што е за 118,2% повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.939.191.000 денари, што е за 22,1% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 176 или 66,7% се наменети за објекти од високоградба, 29 односно 11% за објекти од нискоградба и 59 т.е. 22,3% за објекти за реконструкција.

Од вкупно 264 објекти, на 198 односно на 75% како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 66 објекти или 25% инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 448 станови, со вкупна корисна површина од 38.500 метри квадратни.