Винарската визба Попова кула од први јануари до 30 септември оваа година оствари добивка од 2.436.000 денари, покажува билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.
Попова кула истиот период минатата година евидентираше добивка од 1.649.000 денари.
Приходите од продажба во првите девет месеци од годината се 32.861.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 23.773.000 денари, додека остатокот од 7.088.000 денари отпаѓа на странски пазари.