Патарините во Србија од следната година би можеле да ги заменат вињети. Одлуката се уште не е донесена и се разгледува за кои патишта би важела, вели потпретседателот на српската влада и министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Зорана Михајловиќ, пишува Б92.
“Се уште не е донесена никаква одлука дали вињети ќе бидат воведени само за автопатиштата или и за дури државни патишта од прв ред. Кога ќе биде донесена одлука, пред се на основа на економска анализа, ќе ни требаат уште шест месеци да ги воведеме”, изјави Михајловиќ во Стопанската комора на Србија.
Во регионот вињети (налепници) веќе има воведено Словенија.
Во зависност од тоа дали одат на подолг или пократок пат, возачите во европските земји бираат помеѓу дневни, неделни, месечни и годишни вињети, кои се нудат на бензинските пумпи и граничните премини.