Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ ќе се намалат за еден, односно за 1,50 денар. Дизелот поевтинува за половина денар.
Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 денар за литар на 73,50 денари.
ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за еден денар и од ноќеска на полноќ ќе се точи за 72 денари по литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за половина денар и новата цена е 62 денари за литар.
И екстра лесно масло за домаќинство поевтинува за половина денар на 50,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,816 денари и со тоа цената од полноќ ќе изнесува 33,019 денари за килограм.