Во градот што никогаш не спие, инсектите многу лесно може да завршат под ногата на некоја случаен минувач. Студијата на Државниот универзитет во Северна Каролина ја откри другата страна на улогата и значењето на инсектите во милионскиот Њујорк. Резултатите покажуваат дека инсектите се најголеми “чистачи“ на отпадоците од храна што останува низ улиците и јавните површини на Њујорк, пишува NC State University.
“Нашите пресметки покажуваат дека инсектите годишно јадат околу 950 килограми остатоци од храна, што е околу 60.000 хот дог сендвичи, под претпоставка дека одмораат во текот на зимскиот период“, вели Елса Јангстед, соработник и истражувач.
За да утврдат колку храна јадат инсектите, истражувачите намерно оставале остатоци од храна низ улиците на Њујорк. Дел од нив ги оставале во посебно утврдени места, додека другите ги оставале на дофат и на кучињата, мачињата и глодарите. Резултатот покажа дека само за 24 часа биле изедени 32% од храната во посебно обележаните места и дури 80% храна надвор од нив. Храната оставена на плочниците се конзумира за два до три пати повеќе одошто онаа што е оставена во парковите.
Еден инсект годишно може да “отстрани“ околу четири до шест килограми храна од јавните површини, што со себе носи позитивни ефекти, како што е поголема хигиена во големите градови и превенција од појава на глодари.