Вкупна потрошувачка на eлектрична енергија во октомври

35

Вкупната потрошувачка по видови енергенти, во октомври оваа година, изнесува: 677.413 МWh електрична енергија, 7.213 мил. nm3, природен гас, 522.040 тони јаглен и 83.138 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 66,5% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,2% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.