Даночните одделенија на УЈП со ново работно време до 18 часот

Сите даночни одделенија на Управата за јавни приходи (УЈП) во Прилеп, Охрид, Гостивар, Кичево, Струмица, Куманово, Велес и Гевгелија, од први јануари, ќе работат со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и во сабота до 14 часот, информираат од УЈП.

Поради совпаѓање на работното време на голем дел од физичките и правните лица со работното време на УЈП, странките често немаат можност во текот на предвиденото работно време да ги завршат своите обврски. Од тие причини, се продолжува работното време на шалтерите на УЈП со што услугите ќе бидат подостапни за граѓаните и фирмите.