Приливот на странски инвестиции во Србија во првите девет месеци оваа година изнесува 1,15 милијарди евра, што е повеќе од вредноста за цела 2013 година, кога приливот бил вкупно 750 милиони евра, објави Министерството за трговија, туризам и телекомуникации, јавува Танјуг.
Надлежните во Србија истакнуваат дека не е постигнато посакуваното ниво и дека земјата мора да го поправи бизнис амбиентот.
Во Србија годинава се реализирани многу значајни инвестиции во областа на инфраструктурата и стопанството.