Милијардерите ќе го подаруваат богатството во доброволни цели

62

На повикот на основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс и на финансиерот Ворен Бафет, се приклучија единаесет милијардери кон списокот на оние кои се согласија да подарат половина од своето богатство во добротворни цели. Со тоа бројот на милијардерите кои ќе го направат тој чекор изнесува 92. Меѓу новодојдените во клубот се генералниот директор на Интернет гигантот Нетфликс, Рид Хастингс, коосновачот на Интел, Гордон Мур и Чарлс Бронфман – поранешен претседател на производителот на алкохолни пијалаци Сиграм. Во јуни 2010 година, двајцата тогаш најбогати Американци Гејтс и Бафет објавија дека планираат да ги убедат милијардерите да подарат, како и самите тие, половина од своето богатство за добротворни цели. Кон групата донатори по повикот се приклучија основачот на телевизијата Си-Ен-ЕН Тед Тарнер, градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг, режисерот Џорџ Лукас и коосновачот на Оракл, Лари Елисон.