Германскиот производител на автомобили Daimler ја презентираше својата визија на автомобил кој вози сам, прототип каде патниците се свртени еден кон друг додека возилото само си го наоѓа патот.
Станува збор за луксузниот седан Mercedes Benz F 015 чиј концепт беше претставен на автомобилското шоу CES во Лас Вегас.
Автомобилот со футуристичкиот заоблен дизајн сепак има волан за разлика од возилото на Google, а седиштата на возачот и совозачот можат да ротираат, што доволува патниците да имаат поголема приватност, велат од компанијата.
Еве како сето тоа изгледа.