Марко Јариќ ќе произведува ајвар во Америка

60

marko jaric

Поранешниот српски кошаркар, Марко Јариќ, започнува нов бизнис во Америка, пишува Екапија.

По бизнисот поврзан со недвижнини во кој беше многу успешен, сега Јариќ се пренасочува кон производство на здрава храна. Тој веќе го заштити брендот ајвар во Америка, а земал и просторија под наем каде што треба да почне производството.

Српските медиуми пренесуваат дека рецептот за овој балкански производ е направен од жители во јужна Србија.