McDonald’s вчера објави дека од февруари, компaнијата ќе ја напушти извршниот директор Дон Томсон, по 25 години работа во оваа компанија, откако ланецот на брза храна забележа една од најлошите финансиски години.
На местото на Томсон од март ќе дојде досегашниот бренд директор, Британецот Стив Истербрук, стои во соопштението на компанијата.
Минатата година McDonald’s извести за пад во продажбата затоа што не успеа да ги задржи клиентите во време на политички и економски превирања во Европа. Во четвртиот квартал приходите беа 1,1 милијарда долари, што е пад од 21% во однос на претходната година. Тоа е петти по ред пад на продажбата. Продажбата на најзначајниот, американскиот пазар падна за 4,1%, затоа што потрошувачите се преориентираа на други ланци, како Chipotle и Shake Shack, пишува BBC.
Минатата недела компанијата ги предупреди инвеститорите дека во првата половина на 2015 година резултатите ќе бидат слаби и најави намалување на годишниот буџет за градежни работи, односно дека ќе отвори помалку нови ресторани за разлика од изминатите години.