Промоција на Контакт центарот на Катастарот

48

Агенцијата за катастар на недвижности денеска ќе го промовира проектот Контакт центар за нови решенија за поголема достапност и пристапност на граѓаните за услугите на оваа институција.

Контакт центарот на Агенцијата за катастар на недвижности е тело кое е задолжено за грижа на корисници, како физички лица, така и за професионални корисници.

Покрај контакт центарот, денеска Катастарот ќе го промовира и прашалникот за јавно мислење насловен Вашето мислење за нас до подобра услуга за вас.