Фруктал Мак со загуба од 101.000 денари минатата година

102

fruktal

Компанијата Фруктал Мак АД прикажа загуба од 101.000 денари во 2014 година, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Фруктал претходната 2013 година ја заокружи со добивка од 1.713.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 2014 година изнесуваат 356.118.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 166.294.000 денари, додека поголемиот дел од 189.824.000 денари отпаѓаат на реализација на странски пазари.