Зголемување на прометот во трговијата на мало во јануари оваа година во споредба со истиот период лани е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 6,2%, а реално за 6,1%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 0,6%, а реално за 0,8%).
Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат и намалување на прометот во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 3,8%, а реално за 7,9%).