Пелистерка ја заокружи 2014 со добивка од 19,9 милиони денари

48

pelisterka

Компанијата Пелистерка прикажа добивка во висина од 19.916.000 денари во 2014 година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2013 година Пелистерка работеше со позитивен финансиски резултат од 20.690.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Пелистерка се во вредност од 392.822.000 денари, додека една година претходно тие беа на ниво од 438.252.000 денари.