Во Србија на сила се лежечки полицајци, но се размислува за воведување лажни дупки на некои делници, јавува РТС.
Вакви лажни дупки, односно 3Д налепници во облик на дупка веќе се користат како мерка за безбедност во сообраќајот во Канада. Докажано е дека психолошкиот ефект на налепницата ги тера возачите да ја намалат брзината. Слична функција на запирање или намалување на брзината имаат и силуетите на деца кои претрчуваат улица.
Во Србија поради дупките на патот возачите губат контрола над возилото и годишно се случуваат стотина сообраќајни несреќи.