Компанијата Макпетрол прикажа загуба од 106.166.000 денари во 2014 година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Загубата на крајот на 2013 година на Макпетрол беше на ниво од 203.199.000 денари.
Основни причини за искажана загуба, според Образложението објавено на Македонска берза, се: високите негативни разлики во цените на залихите на нафтените деривати, продолжување на трендот на намалување на продажбата на моторните бензини и екстра лесното гориво со истовремено стагнирање на продажбата на дизелот, работење на биорафинеријата со недоволен капацитет, високите трошоци по основ на камата, намалените приходи од неенергетски дејности и високите трошоци за одржување на складовите за нафтени деривати.
Вкупните приходи од продажба се на ниво од 20.295.717.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 19.500.380.000 денари, додека 795.337.000 денари отпаѓаат на странски пазари.