Топлификација оствари вкупна сеопфатна добивка од 29.194.000 денари во 2014 година, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.
Претходната 2013 година, Топлификација прикажа добивка од 4.160.000 денари.
Компанијата прикажа приходи од продажба во висина од 92.046.000 денари, додека една година претходно тие беа на ниво од 48.886.000 денари.
“Во текот на 2015 година се очекува остварување на приходите од договорот за закуп на опрема за производство на топлинска енергија во износ од 100 милиони денари, се очекува наплата на побарувања од топлинска енергија, а со тоа и намалување на кредитната изложеност на компанијата“, стои во Образложението на финанасиските извештаи во делот за очекувањата за оваа 2015 година.