Винарската визба Тиквеш прикажа 38.788.000 денари добивка за период од први јануари до 31 декември минатата година, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
На крајот на 2013 година, Тиквеш евидентираше добивка во висина од 1.570.000 денари.
Винаријата прикажа вкупни приходи од продажа во вредност од 1.079.361.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 647.647.000 денари, додека на странски пазари се реализирани 431.714.000 денари.