Друштвото за хотелиерство, угостителство, туризам и трговија, Хотели Метропол донесе одлука за распределба на добивката за 2014 година.
Според истата, добивката по оданочување за 2014 година во износ од 31.906.699 денари се распределува на два начини. Дел од добивката во висина од 1.595.335 денари останува за законски резерви од 5%, додека 30.311.364 денари останува како нераспределена (акумулирана) добивка.