Маскенбал во Рамстор: Рециклираме и се маскираме за денот на шегата

153

Maskembal poster 2 B1

Трговскиот центар Рамстор во соработка со Пакомак и Шпаркасе банка, по трет пат ќе го организира најголемиот еко маскенбал во земјата.

На најзабавниот маскенбал право на учество имаат сите деца од три до 14 години, кои ќе изработат маска од материјали што се рециклираат, како што се: хартија, пластика и најлон. Маската треба да ги исполнува следните услови: Да биде едукативна, забавна и инвентивна.

За најуспешните маски и оваа година организаторите обезбедија вредни подароци: велосипед, ролерки и скирол, а подарок ќе добијат и најдобрата групна маска и најмалиот учесник на маскенбалот.

Пријавувањето на најинтересниот еко маскенбал ќе се врши до 31.03.2015 на инфо пултот во трговскиот центар, а главниот настан со дефилето на маските ќе се одржи на први април со почеток во 17 часот во холот на трговскиот центар Рамстор. Организаторите на настанот очекуваат на денот на шегата и смеата трговскиот центар во целост да биде исполнет со насмеани детски лица кои гордо ќе ги претстават своите креативни маски.