Србија и Црна Гора заедно на трети пазари

43

znaminja

Србија и Црна Гора ќе подготват Договор за заеднички настап на трети пазари, договорија вчера на состанок во Подгорица министрите за економија на Црна Гора Владимир Кавариќ и српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љајиќ, пишува Seebiz.

“Заедничкиот настап на Црна Гора и Србија на трети, подалечни пазари во областа на туризмот е договорен неодамна и со оглед на фактот дека Црна Гора е еден од најзначајните трговски партнери на Србија и една од најважните дестинации, потребно е да се прецизира слична соработка и во останатите области”, изјави Љајиќ.

На состанокот е истакнато дека земјите од регионот на Западен Балкан, иако меѓусебно се конкурентни, треба да ги здружат силите и со тоа да го зголемат квалитетот на својата понуда.