Трговскиот дефицит, во периодот јануари декември 2013 година, изнесува 2.320.814.000 долари, покажуваат дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот од јануари до декември 2013 година изнесува 4.298.772.000 долари, а на увозот 6.619.586.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 64,9%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и моторните возила за превоз на лица.
Во периодот јануари-декември 2013 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите членки на ЕУ 28 (72,6%) и земјите од Западен Балкан (17,6%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 28 (62,7%) и останатите земји на друго место неспомнати (11,6%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија (50% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).