Првата регионална конференција за вински туризам – Македонија 2015, во организација на Министерството за економија и Тиквешкиот вински пат, ќе се одржи денеска во Скопје.
Целта на конференцијата е да отвори дискусија за градење на ново партнерство меѓу туристичкиот и винарскиот сектор, преку заедничка соработка, која ќе придонесе кон создавање на конкурентни туристички производи, намалување на трошоците за нивна промоција на трети пазари, а со тоа и сеопфатен економски раст.
Се очекува присуство на 100-тина претставници од надлежните институции за туризмот во Македонија, Србија, Словенија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Италија, Франција, Португалија, Шпанија, Косово, Босна и Херцеговина.