Компанијата Макотекс нема да исплаќа дивиденди поради долгогодишните загуби на друштвото, се наведува во Образложението за работење на друштвото во период од 01.01. до 31.12.2014 година, објавено на Македонска берза.
“Расходите во најголем процент се однесуваат на комуналните услуги, како и на судските спорови кои беа во постапка повеќе од 25 години, а дојдоа на наплата во 2014 година. Дивиденди не се исплатуваат заради долгогодишни загуби на друштвото“, се наведува во Образложението.
Очекувањата за реализирање на планот за 2015 година, како што се наведува, доколку продолжи трендот на економска стабилност, се крајно неизвесни и многу песимистички.