Тетекс прокнижи добивка од над 11 милиони денари во првото тримесечје

39

teteks tetovo

Акционерското друштво Тетекс од Тетово оствари добивка од 11.105.000 денари во период од 01.01. до 31.03.2015 година, стои во Образложението за остварени единечни резултати, објавено на Македонска берза.

Во истиот период лани, Тетекс работеше со добивка од 26.778.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во пресметковниот период се 57.166.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 27.920.000 денари, додека поголемиот дел од 29.246.000 денари е реализиран на странски пазари.