Компанијата Славеј ќе им исплаќа дивиденда на своите акционери

53

slavej-logo-580x97

Центарот за ортотика и протетика Славеј донесе предлог одлука за распределба на нераспределената добивка.

Бруто добивката пред оданочување е во износ од 8.669.046 денари, од кои за данок ќе се одвојат 1.036.222 денари.

За нето дивиденда се издвоени 4.097.000 денари, додека дивиденда по акција со персонален данок е 222 денари, а во нето износ е 200 денари.

“Дивидендата ќе биде поделена на имателите на акции со состојба во книгата на акционери на ден 22.05.2015 година со последен ден на тргување на акции со право на дивиденда на 19.05.2015 година или прв ден на тргување со акции без право на исплата на дивиденда 20.05.2015 година“, стои во предлог одлуката.