Преку едукација и забава, компанијата Вивакс, изминатите неколку недели ја потенцираше важноста за здравјето и концептот на здрава исхрана кај најмладите. Реализирајќи ја кампањата Садиме здрави навики, заедно со над 2.000 деца од неколку скопски градинки, менаџментот на компанијата засади овошни дрвца во неколку дворови од образовните установи, а ваквата традиција ќе продолжи и во периодот што следува.
Компанијата Вивакс, најголемиот производител на природни овошни сокови, нектари и пијалаци под брендот Вива, во своето 20 годишно работење, покрај вложувањета во развојот на компанијата и производствените капацитети, континуирано ја покажува и својата општествено одговорна страна и ја продолжува низата на активности од хуманитарен и од едукативен карактер.