Во март оваа година се издадени 238 одобренија за градење, што претставува 5,9% во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.838.874.000 денари што е за 82,3% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период се издадени одобренија за
градење на капиталните проекти за изградба на новите две автопатски делници, како и за рехабилитација на дел од железничката пруга.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 133 или 55,9% се наменети за објекти од високоградба, 36 односно 15,1% за објекти од нискоградба и 69 т.е. 29% за објекти за реконструкција.
Од вкупно 238 објекти, на 157 односно 66% како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 81 објект односно 34% инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 487 станови со вкупна корисна површина од 34.668 метри квадратни.