Хотели Метропол во првите три месеци од оваа година работеше со загуба од 13.296.000 денари, покажуваат податоците на неревидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Истиот период лани, загубата на компанијата беше во висина од 10.936.000 денари.
Вкупни приходи од продажба во првото тримесечје од 2015 година имаат вредност од 6.276.000 денари, додека во истиот период лани беа на ниво од 8.981.000 денари.