Намалена вредноста на договорените градежни работи во странство за 46,8%

47

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во првото тримесечје од оваа година е 2.794.547.000 денари, што е за 46,8% помалку во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни
работи во вкупна вредност од 392.499.000 денари, што е за 15,1% помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Италија, Хрватска и Холандија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Косово, Австрија, Албанија, Србија и Црна Гора.