Компанијата Макпетрол првото тримесечје од оваа година го заокружи со загуба од 206.069.000 денари, покажува билансот на успех, објавен на Македонска берза.
Истиот период лани, компанијата работеше со загуба од 108.083.000 денари.
Вкупните приходи од продажба на Макпетрол во овој период се на ниво од 4.283.743.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 4.035.585.000 денари, додека остатокот од 248.158.000 денари е реализиран на странски пазари.