Прилепска пиварница со добивка од 7,8 милиони денари во првото тримесечје

46

prilepska pivarnica sisinja

Прилепска пиварница првото тримесечје од оваа година го заврши со добивка од 7.853.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, компанијата прикажа загуба од 4.536.000 денари.

Вкупните приходи од продажба се на ниво од 229.514.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 226.149.000 денари, додека остатокот од 3.365.000 денари е реализиран на странски пазари.