Скопје Сити Мол во текот на целата година што следи, ќе биде домаќин на Органскиот Базар. Сите производители на органска храна ќе бидат на едно место, со една и единствена цел, да ја доближат здравата храна до сите оние кои се во потрага по неа. Органско овошје и зеленчук, органски производи и козметика, сето ова ќе може да се купи во Скопје Сити Мол, секој четврток, од 10 до 22 часот, почнувајќи од 21-ви мај. Влезот за Органски Базар во Скопје Сити Мол е од страната на ул. Манапо (од страната на Карпош 3).
Органската храна е хемиски непрскана храна. Таа се дефинира како храна што во себе не содржи никакви хемиски, вештачки, ниту пак отровни препарати и елементи кои штетат на човечкиот организам. Тоа е храна која во себе содржи само и исклучиво природни состојки и се одгледува на чиста, сертифицирана почва.
Овој проект е во креација на Скопје Сити Мол, Беорг, ИМЕ Проектот и Свис Фондација, поддржано од министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Дополнително, важно да се спомене е дека грижата за производителите на органска храна се должи на програмата за зголемување на вработувањата на пазарот на трудот (ИМЕ), која што е пет годишна програма, финансирана од швајцарската Влада преку швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC). Програмата е имплементирана од Swiss contact, швајцарска фондација за техничка соработка во партнерство со ПРЕДА Плус од Прилеп, чија што цел е развој на пазарот на трудот коj ќе доведе до зголемени можности за подобрување на пристапот до пристојно вработување и приходи за младите жени и мажи во секторите туризам, зелена економија и креативните индустрии.