Цементарница Усје ќе исплаќа дивиденда на своите акционери

55

titan usje

Цементарница Усје донесе одлука за распределба на добивката остварена по годишна сметка и финансиски извештаи за минатата година.

Компанијата во текот на 2014 година оствари добивка во износ од 1.457.578.204 денари. Според одлуката, од добивката ќе се одвојат 1.305.083.656 денари за исплата на дивиденда на акционерите, а за реинвестирана добивка ќе отпаднат 152.494.548 денари.  Слободните законски резерви во износ од 174.849.344 денари ќе се распределат за дивиденда за акционери.

“Вкупниот износ за распределба на дивиденда на акционерите изнесува 1.479.933.000 денари, односно 2.625 денари за акција“, се наведува во Одлуката.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2014 година е 02.06.2015 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2014 е 03.06.2015. Датум на евиденција, според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда е 05.06.2015 година.

Исплатата на дивиденда ќе се изврши најдоцна до 30.09.2015 година.