Во трговијата на мало, во април 2015 година, во споредба со април 2014 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 13,1%, а реално за 11,8%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 13,3%, а реално за 8,4%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 13,3%, а реално за 11,8%).
Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 14,8%, а реално за 0,7%).