Thasys: Слушнете ги звуците на Париз, Брисел и Амстердам на билборд

49

thasysФранцускиот железнички оператор Thasys направи необични и интерактивни билборди, со цел на патниците да им доближи три светски градови – Париз, Брисел и Амстердам.

На секој од овие билборди може да се приклучат посебни слушалки и да се доловат звуците што се карактеристични за секој од овие три европски метрополи.

Агенцијата Rosaparks ги снимаше звуците на Париз, Брисел и Амстердам, по што на билбордите се поместени мапи од овие градови и точна локација на местото од каде што доаѓаат автентичните звуци.