Рамстор: Попусти, подароци и концерт на Елена Ристеска за последниот училишен ден

155

Ramstore Mall Zvoni 4

По повод 10-ти јуни, последниот училишен ден и почеток на летниот распуст, трговскиот центар Рамстор за сите ученици подготвува одлична програма.

Под слоганот Рамстор дели петки, трговскиот организира многу поволности за учениците: за секоја сметка од над 500 мкд направена во трговскиот на 10 јуни, во периодот од 12 до 17 часот учениците ќе добијат право на подарок преку игра со тркало на среќни петки. Додека најмладите ученици пак, ќе добијат можност да бидат нацртани со уникатни петки. Во текот на целиот ден не очекуваат големи попусти на детските колекции.

Централен настан ќе биде концертот  во живо на Елена Ристеска, заедно со нејзиниот бенд Троја, кој ќе започне во 13 часот. По завршувањето на концертот, обожавателите на Елена ќе имаат можност за дружење и фотографирање со неа.