Грантови за 15 мали бизниси преку Фондот за поддршка на жени и млади претпримачи

53

Петнаесет мали бизниси досега добиле грантови преку Фондот за поддршка на жени и млади претприемачи од неговото почнување со работа во март минатата година, пишува Миа.

Општина Брвеница ќе донира 5.000 долари на Фондот за што ќе биде потпишан меморандум за разбирање со Здружението за локален рурален развој и проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија.

Целта на фондот, основан од УСАИД во соработка со Здружението за локален рурален развој, е да создаде оддржлив модел за поддршка на бизниси во сопственост на жени и млади во Полошкиот регион.

Досега во овој фонд се донирани 120.000 долари кои се користат за да се поддржи растот на малите бизниси во сопственост на жени и млади. Фондот дава мали грантови на овие бизниси со кои тие се прошируваат, ги зголемуваат своите приходи и отвораат работни места, соопшти Канцеларијата на УСАИД во Скопје.